Почина музичарот и добитник на Греми Мит Лоф

1 min read

МУЗИЧАРОТ и актер Мајкл Ли Адеј, попознат како Мит Лоф, почина на 74-годишна возраст, пишува Deadline. Наградениот музичар почина во четвртокот, а сопругата Дебора била со него до последен момент.

Неговиот агент Мајкл Грин ја потврди тажната вест. Тој додаде дека ќерките на пејачот Перл и Аманда и многу блиски пријатели имале можност да се простат од Мајкл во неговите последни 24 часа. Причината за смртта не е соопштена.

„Знаеме колку тој значеше за многумина од вас и навистина ја цениме сета љубов и поддршка додека минуваме низ овој тажен период на губење на таков инспиративен уметник и прекрасен човек“, се вели во семејната изјава.

Славниот Тексашанец, познат по своите впечатливи вокали, ја започна својата кариера во доцните 60-ти години настапувајќи со ѕвезди како Ван Морисон. Потоа глуми во мјузиклот „Коса“, по што започна соло кариера.

Албумот Bat Out of Hell на Мит Лоф е еден од 35-те најпродавани албуми во историјата на САД. Неговите синглови Two Out of Three Ain’t Bad и Paradise by the Dashboard Light беа рангирани на 11-то и 39-то место на Billboard Hot 100.

Тој освои Греми награда за најдобра соло рок вокална изведба во 1994 година за песната I’d Do Anything for Love.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Расплаканата Адел ги откажа настапите во Лас Вегас (ВИДЕО)

Следно

И директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ чистеше снег на терен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian