ФОТО | Синот на Балашевиќ објави емотивни моменти со својот татко: Никогаш поблиску…

1 min read

Алекса Балашевиќ вчера на својот инстаграм-профил објави фотографии со неговиот татко Ѓорѓе.

Семејството Балашевиќ вчера ја прослави првата домашна слава без легендарниот музичар, а сцените ги растажија обожавателите на Ѓорѓе Балашевиќ.

Алекса на својот инстаграм-профил објави три фотографии со неговиот татко како пали свеќа за семејна слава, додека на четвртата фотографија е сам.

алекса балашевиќ
Алекса и Ѓорѓе Балашевиќ / Фото: Инстаграм

„Никогаш поблиску. Среќна слава Свети Јован Крстител на сите кои слават“, напиша младиот Балашевиќ.

Да потсетиме, Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари минатата година во болница во Нови Сад, од последиците од инфекција со коронавирус.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ОЈО побара притвор за возачот кој ја прегази девојката кај Сити мол

Следно

ВИДЕО | Вулин: Постои криминална група чија цел е атентат врз Вучиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian