Дресовите на Џејмс и на Кари најпродавани во НБА

1 min read

НБА лигата ја објави листата на најпродавани дресови на половина од сезоната 2021/22, а резултатите се базираат на продажбата преку „NBAStore.com“ и тоа од 19 октомври 2021 година до 12 јануари 2022 година.

Најпродавани се дресовите на ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, а веднаш зад него е Стеф Кари.
Меѓу петте најпродавани дресови во НБА се уште тие на Јанис Адетокумпо од Милвоки, Кевин Дурент од Бруклин како и на кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ.

Џа Морант (Мемфис), Ар Џеј Берет (Њујорк) и Ламело Бол (Шарлот) за прв пат во топ 15 најпродавани дресови, а на листата по тригодишна пауза се врати и Клеј Томпсон од Голден Стејт.

НБА исто така ги објави и десетте клуба со најдобра продажба на дресови и на чело е ЛА Лејкерс. По нив следат Голден Стејт, Милвоки, Бруклин, Бостон, Њујорк, Чикаго, Филаделфија, Торонто и Далас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел ја одби титулата на почесна претседателка на ЦДУ

Следно

Советот на амбасадори му замери на Петков бидејќи кажа каков амбасадор ќе пратиме во Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian