Денес го празнуваме Преподобен Георгиј Хозевит

1 min read

Се подвизувал во 7 век во Хозевитската обител на патот од Јерусалим во Јерихон, каде што се подвизувал и свети Јован Хозевит. Овој Георгиј се роди во Кипар во втората половина на четвртиот век. Уште многу млад поминуваше долго време читајќи го Новиот завет и набргу во него се разгоре силна љубов кон монашкиот подвиг, па зедно со брат му Хераклид замина за Палестина. Во Палестина свети Георгиј се подвизуваше во Хозевскиот манастир крај Ерусалим (место по кое го доби и името Хозевит), како и во лаврата Каламон на реката Јордан. Се прослави како голем подвижник, молитвеник и чудотворец. Блажено се упокои во 625 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Спектакл на „Сан Мамеш“, Кралскиот куп продолжува без Барса

Следно

Виц на денот: Час

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian