Брнабиќ: Ова е најсериозната закана за атентат врз Вучиќ досега

2 mins read

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за време на своето гостување на телевизија Прва го потврди она што претходно го изјави српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин дека српската полиција добила информации од Европол за постоење криминална група чија цел е атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Оваа информација ја добивме во петокот, на 14 јануари, од страна на Европол, преку една држава којашто е членка на ЕУ. Сосема е јасно дека се подготвува атентат врз Вучиќ, дури е одреден и датум во февруари за кога е планиран атенатот, изјави таа.

Брнабиќ вели дека ќе има луѓе кои ќе се потсмеваат со ова.

– Информацијата ја добивме писмено преку Европол. Секој што има храброст да се потсмева… ова не е прва закана. Но, ова е најсериозната закана за атентат врз Вучиќ досега, рече таа.

Таа посочи и дека е зајакната безбедноста на претседателот на Србија.

– Им благодарам на сите партнери кои ни помагаат дење и ноќе и се во контакт со нашите безбедносни служби. Тие се државјани на различни земји. Криминалот не познава граници, тоа се земји од регионот, од други земји… Го пишуваше името Радоје Звицер. Дека тој е на чело на криминалната група, јас не знам, се сомневам во тоа, мислам дека постои некој над Звицер. Но, тоа ќе го покаже истрагата. За мене е најважно да го спречиме атенатот и да го заштитиме животот на претседателот, вели Брнабиќ.

ВИДЕО | Вулин: Постои криминална група чија цел е атентат врз Вучиќ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Охридскиот градоначалник Пецаков славел Водици со илјадници луѓе, а бил позитивен на ковид-19

Следно

Како вашиот мозок се менува кога ќе се заљубите: 4 здравствени бенефити од љубовта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian