Бесплатното пливање за сите првачиња од општина Аеродром од следната учебна година

1 min read

Првиот човек на најголемата скопска општина, Аеродром, Тимчо Муцунски, вчера го презентираше општинскито Буџет за тековната 2022 година кој предвидува инвестирање во повеќе сектори.

Подетално во секторот за спорт и млади ќе се инвестира 5.000.000 денари за поддршка на спортските клубови и развој на спортот. Дел од овој сектор е и целосната реконструкција на пет детски игралишта, како и бесплатното пливање за сите првачиња, почнувајќи од септември 2022 година.

Во секторот за образование ќе се реновираат сите основни училишта, ќе има нови таблети за прво и четврто одделение, а ќе почне и изградба на три нови градинки во Стар Аеродром, Мичурин и Долно Лисиче.

Исто така, Општина Аеродром ќе обезбеди и смарт табли за учениците. 

Повеќето од проектитите кои се опфатени со Буџетот беа дел од предизборната програма на Муцунски кој ветува дека веќе годинава ќе има реализација на голем дел од нив. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО | Замина уште една музичка легенда: Почина пејачот Мит Лоуф

Следно

Русија испрати против-воздушни системи С-400 во Белорусија на воена вежба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian