ВИДЕО: Реал со играч помалку до пресврт во Кралскиот куп

1 min read

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Елче по продолженијата со 1:2 (0:0, 0:0) и со тоа обезбедија пласман во четвртфиналето на шпанскиот Кралски куп.

Во многу возбудлив финиш на првото продолжение, Реал остана со десет играчи бидејќи Марсело доби директен црвен картон како последен одбранбен играч.

Веднаш потоа до гол доаѓа Елче, Верду изведе слободен удар, удри во живиот ѕид и потоа повторно шутираше, топката удри во Себаљос и заврши зад грбот на Лунин.

И покрај тоа што „кралевите“ беа со играч помалку, успеаја да направат пресврт, најпрвин израмни Иско, додека за водство Азар го искористи ударот на Вернер и ја испрати топката во празната мрежа.

Во финишот и Елче остана со играч помалку откако Пере Миља доби втор жолт картон поради приговор. Пласман во четвртфиналето досега обезбедија Мајорка, Рајо Ваљекано, Кадиз, Реал Бетис, Валенсија, Реал Сосиедад и Реал Мадрид.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џо Бајден – голема надеж, голем пад

Следно

Едит Пјаф го запознала младиот Тео кога била на самото дно: Тој останал покрај неа до смрт

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian