ВИДЕО: Ливерпул против Челси за трофејот во Лига купот

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во финалето на англискиот Лига куп, во кое на 27 февруари на стадионот „Вембли“ во Лондон ќе ги одмерат силите против Челси.

Играчите на Јирген Клоп во полуфиналната фаза го елиминираа Арсенал со триумф од 2:0, додека во првиот натпревар пред седум дена на „Енфилд“ мируваа мрежите.

Стрелец на головите за „црвените“ на „Емирати“ ги реализираше португалскиот интернационалец Диого Жота во 19 и 77 минута од средбата, двапати асистираше Трент Александер-Арнолд.

Арсенал и на овој меч имаше играч кој заработи црвен картон, на првиот дуел тоа беше Гранит Џака, а сега теренот мораше предвреме да го нашушти Томас Парти и тоа после само 13 минути игра од неговото влегување во второто полувреме.

Ливерпул и Манчестер сити се најтрофејните екипи во Лига купот со по осум трофеи. Ливерпул последен пат во ова натпреварување славеше во сезоната 2011/12, а во финалето нема играно од сезоната 2015/16.

Вториот финалист, Челси, петпати го освојуваше Лига купот, последен пат во сезоната 2014/15. Лондонските „сини“ не беа во финалето од натпреварувачка сезона 2018/19.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Актерот Димоски сведочел на трагедијата кај „Сити мол“: Слушнав крици кои нема да ги заборавам

Следно

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го сретнаа најслаткиот здравствен работник… за кого станува збор?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian