Денвер нагетс изминатата ноќ во НБА лигата го совлада Лос Анџелес клиперс со 130:128 најмногу благодарение на Никола Јокиќ кој ја имаше една од најдобрите партии во својата кариера.
Српскиот центар на Нагетси реализираше 49 поени, шут за два 13/20, за три 3/5 и од линијата за слободни фрлања 14/16.
Запиша уште еден „трипл-дабл“ учинок (трет по ред и петти на последните шест натпревари), односно забележа уште 14 скокови и 10 асистенции.
Воедно стана најдобриот трет асистент во историјата на Денвер, го престигна Андре Милер на вечната листа.
Во листата на стрелците го следеше Гордон со 28 поени, а на спротивната страна Зубац беше најрасположен со 32 поени (10 скокови).
Резултати, НБА лига: Филаделфија – Орландо 123:110, Вашингтон – Бруклин 118:119, Атланта – Минесота 134:122, Бостон – Шарлот 102:111, Мајами – Портланд 104:92, Чикаго – Кливленд 117:104, Милвоки – Мемфис 126:114, Далас – Торонто 102:98, Сан Антонио – Оклахома 118:96, Јута – Хјустон 111:116, Денвер – ЛА Клиперс 130:128, Сакраменто – Детроит 131:133, ЛА Лејкерс – Индијана 104:111.