ВИДЕО | Голема експлозија во Гана: Има жртви, а стотици згради се уништени

2 mins read

Експлозија во Гана денеска уништи стотици згради, при што загинаа, засега, непознат број жители. Оваа несреќа со големи размери се случила во малото гратче Апиате, како последица на судир помеѓу камион, кој превезувал експлозив до рудник за злато, и мотоцикл.

На видеата, чија автентичност не е потврдена и кои се објавени од страна на локалните медиуми, се гледа како зградите се сведени на купишта дрво, тули и искривен метал. Едно од видеата покажува две тела на земја, покриени со прашина.

На жителите им е препорачано да ја напуштат областа заради нивна безбедност и да заминат во околните градови, се вели во соопштението на полицијата. Од блиските градови е побарано да отворат јавни простори, вклучително училници и цркви, за сместување на преживеаните, соопшти полицијата.

Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо на Твитер објави дека е информиран за инцидентот и потврди дека има мртви.

– Ова е навистина трагичен инцидент и во име на Владата изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите, пишува Акуфо-Адо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го сретнаа најслаткиот здравствен работник… за кого станува збор?

Следно

ВИДЕО: Спектакл на „Сан Мамеш“, Кралскиот куп продолжува без Барса

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian