Вардар 1961 и Е. Пелистер ги дознаа ривалите во СЕХА лигата

1 min read

Новата сезона во СЕХА Газпром лигата се очекува да стартува во февруари, а во која Македонија ќе ја претставуваат две екипи, Вардар 1961 и Е. Пелистер.

Тие ќе играат во истиот систем како и претходните натпреварувачки години, што значи дека двете најдобри екипи од двете групи на крајот од групната фаза ќе одат во четвртфиналето, а третопласираните и четвртопласираните ќе се најдат во осминафиналето.

Извршниот одбор на СЕХА лигата одлучи актуелниот шампион Веспрем на нашиот репрезентативец Дејан Манасков, како и Мешков Брест (поради проблеми со коронавирусот) да не играат во групната фаза, туку натпреварувањето да го започнат од четвртфиналната фаза.

ГРУПА А: ППД Загреб (Хрватска), Е. Пелистер (Македонија), Партизан (Србија) и Татран Прешов (Словачка).

ГРУПА Б: Вардар 1961 (Македонија), Мотор Запорожје (Украина), Нексе (Хрватска) и Војводина (Србија).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бугарски историчар: Петков не се поклони на гробот на Гоце Делчев – тоа е сериозен гаф

Следно

Истражувањата потврдија: GE 132+ Natural има моќни својства во превенција и лекување на вирусни инфекции

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian