Скопјанец кој исчезна во декември е пронајден мртов во Волково

1 min read

Полицијата соопшти дека 40-годишниот жител на Скопје, Ж.С., кој бил пријавен како исчезнат пред повеќе од еден месец, е пронајден мртов на подрачјето на Волково.

„На 19.01.2022 во 11.00 часот било пријавено дека на подрачјето на Волково бил пронајден починат Ж.С.(40) од Скопје, за кој на 09.12.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт“, се вели во полициското соопштение.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, додаваат од МВР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден вели дека евентуален влез на руска војска во Украина ќе се смета за „инвазија“

Следно

Јани Атанасов го продолжи договорот со Хајдук Сплит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian