Што да направите ако истовремено се заразите со грип и со ковид, како е можно такво нешто и дали болеста е посилна?

8 mins read

Флурона не е нова страшна варијанта на коронавирусот и тоа не е официјален медицински израз, но феноменот на истовремена зараза со грип и коронавирус е реален и медицинската заедница нималку не ја изненадува. Лице може да биде истовремено заразено со повеќе вируси или со вирус и со некој вид на патоген како бактерии или паразити. 

– Тоа е природна појава, тоа не значи дека заразата не треба да се избегнува – рекла Изабела Катадори, професорка по биологија на Универзитетот во Пенсилванија.

Кога британските научници пред речиси две години открија први случаи на симултана зараза со грип и вирусот на ковид, пресметаа дека кај овие пациенти постои двојно поголема можност од смртен исход отколку кај заразените само со коронавирус.

Пораст на случаи на грип

Досега во пандемијата, истовремени зарази биле ретка појава – особено минатата зима кога бројот на случаи на зараза со грип беше изненадувачки низок (овој тренд стручњаците го препишаа на физичкото дистанцирање).

Случаите на грип оваа зима, сепак, се во пораст, па стручњаците советуваат секако да се преземе сѐ, за да се избегне „коинфекција“. Двата вируса се шират преку воздух, па избегнувањето на лошо проветрени и места со метежи, со носење на маска, најдобриот начин за избегнување на зараза со овие вируси. За двете состојби постојат ефикасни вакцини.

Вообичаено, овогодинешните вакцини за грип не се совршени за варијантите на грип што циркулираат, но тоа не е причина за невакцинација, вели Томас Фекет, професор на Школата за медицина при Универзитетот во Темпи.
Секоја одбрана од вируси помага како на поединците, така и на останатите кои можеби спаѓаат во ранлива категорија.
Иако инфекциите со повеќе вируси истовремено се вообичаени, деталите за тоа како имуниот систем реагира се комплицирани и зависат од фактори како што е времето на зараза и типот на вирусот.

Кој го смисли изразот флурона?

Тешко е да се каже. Името е кованица од англискиот израз за грип (flu) и корона.
Изразот не доби на популарност до овој месец, веројатно како одговор на новинарските наслови за таков случај во Израел.
Некои стручњаци ценат дека оваа кованица може да ги наведе луѓето на погрешен заклучок дека сме соочени со некој нов хибриден вирус.
Важно е да се напомене дека не се работи за ист вид на вирус, ниту пак тие може да се спојат во некој вид на супервирус. Секој вирус содржи генетски упатства кои му овозможуваат копирање само на себе сам.

Како е можна зараза со двата вируса истовремено?

На ист начин како што можете да се заразите со само еден вирус: со изложување.
Ако некое лице се наоѓа на место каде што циркулираат вируси односно на кое било место каде што има други луѓе тоа може да биде изложено на инфекција со двата вируса. Или дури и повеќе.

Идеално е да оние кои се чувствуваат болно останат дома и да ја намалат можноста за зараза со друг вирус.

Проблематично е што вирусите имаат период на инкубација кој може да трае пет дена, а во тој период клетките на вирусот во телото се размножуваат пред појавата на било какви симптоми на болеста. Лесно може да се случи да некој се зарази со повеќе вируси пред воопшто да почувствува било какви симптоми и да се изолита во своја соба, велат лекарите.

Ковид -19 е еден од вирусите кој има долга предсимптоматски период кој може да потрае и до четири дена, иако се покажало дека кај омикрон варијантата симптоми настапуваат нешто побрзо.
Ако често сте во поголеми групи на луѓе, истовремена зараза со грип и коронавирус не е невозможна.
Ако често не носите маска, веројатно е дека ќе ги фатите двата вируса“, додаваат лекарите.

Овие респираторни вируси најчесто во организмот влегуваат преку ноздрите. Понекогаш успеваат да се „фатат“ за клетките во дишните патишта по што навлегуваат до клеточната мембрана, ја одземаат нејзината машинерија и почнуваат да се размножуваат – што е и сама дефиниција на инфекција.

Вирусите на грип се фаќаат за сијалната киселина, материја која се наоѓа на површината на клетките. Коронавирусот пак се фаќа за АСЕ-2 рецепторот. Иако двата вируса ги зафаќаат клетките во ист дел од телото, не е можно едниот да го надвладее другиот, велат лекарите. Згора на тоа, во клетката има доволно место за сите.

Дали со истовремена зараза болеста ќе биде посилна?

Тоа зависи од тајмингот. Ако заразеното лице има среќа, имунолошкиот одоговор на првиот “освојувач“ ќе помогне при одбрана на организмот од другиот, потенцираат експертите.

Тоа е така бидејќи првото ниво на одбрана на имуниот систем, познато и како вроден имунитет, е неспецифично – не е прилагодено на специфичен вид на вирус.

Заразените клетки против вирусот се борат на повеќе начини од кои еден е создавање на протеин интерферон кој на организмот по борбата со едениот вирус треба да му помогне да се избори и со другиот.

Тоа не значи дека е паметно намерно да се добие втора инфекција. Иако симптомите по инфекција со втор вирус воопшто не мора да се влошат, тоа сигурно нема да биде од помош.
Важно е да се додаде дека во голем број на случаи, втората зараза може значајно да влоши состојбата, вели Артјан Велтуис, молекуларен биолог.

Постои голема можност тоа да се случи кога вирусите ќе зафатат различни делови од телото. Грипот почесто ги зафаќа горните дишни патишта, додека некои варијанти на коронавирусот може да ги зафати долните дишни патишта и дигестивниот систем.
комбинираната инфекција може да биде тригер за имунолошки реакции на повеќе места во телото, па и општото чувство на слабост може да биде посилно’, вели д-р Велтуис.

Што да се направи при зараза со флурона?

Можно е голем број лица и не да не дознаат дека истовремено имаат и ковид-19 и грип, бидејќи тестирање на грип надвор од болница не е вообичаено.

Без оглед на тоа дали сте заразени со еден или друг вирус, или двата, вообичаените совети и понатаму важат:
Избегнувајте други лица. Пиј многу вода. Контактирајте со вашиот лекар и повикајте брза помош ако имате потешкотии со дишењето.

Достапно е лекување за двата типа на инфекции. Пред сѐ, важно е да не паничите, особено ако сте биле вакцинирани против едниот или двата вируса Иако вакцината не може да спречи инфекција, многу е веројатно дека нема да се појават потешки симптоми.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: За неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија

Следно

На возобновената манифестација за Водици во Кисела Вода, најсреќен Сашо Милошевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian