Кралската двојка отпатува во руралните средини на Ланкашир во северозападна Англија за да ги посети членовите на здравствениот персонал кои се соочија со уникатни предизвици за време на пандемијата на коронавирус.
Вилијам и Кејт се сретнаа со лекари, медицински сестри и други здравствени работници во болницата во заедницата Клитеро. Двојката беше особено заинтересирана да слушне како „NHS Charities Together“, што парот го промовираше во последните две години, ги поддржува болниците и нивниот персонал.

Тие, исто така, беа запознаени со најновата помош за преоптоварените здравствени работници – кученце по име Алфи, кое ќе биде тренирано како терапевтско куче за поддршка на пациентите и работниците во болницата. Кејт и Вилијам веднаш се чувствуваа толку прирордно со преслаткото кученце. Тие усвоија нов црн кокер шпаниел во своето семејство минатата година по смртта на нивното сакано куче Лупо.
Додека тие наизменично го држеа и галаеа Алфи, Кејт низ смеа рече: „Нашето куче ќе биде многу вознемирено. Таа ќе биде како: „Каде беше?““.

По нивната посета со кученцето, тие споделија разигран твит, барајќи од луѓето да видат кој според нив повеќе сака Алфи: Вилијам или Кејт!
Who do you think Alfie, the therapy dog preferred?
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) January 20, 2022
Додавањето на Алфи е еден од клучните начини на кои „NHS Charities Together“ работи на поддршката на менталната благосостојба на нивните вработени.
Добротворната организација донираше повеќе од 410 илјади американски долари за да помогне во воспоставувањето на услуги за благосостојба за 9 илкјди вработени во „Hospitals Trust“ во Источен Ланкашир – и го финансираше доаѓањето на терапевтското куче.
Извор: www.slobodenpecat.mk