МВР спроведе акција „Дозвола“, откри 60 неисправни автобуси и комбиња

1 min read

Министерството за внатрешни работи соопшто дека денеска, во рамки на оперативната акција „Дозвола” спровело зајакната акциска контрола на територија на цела држава на возила со кои се врши јавен превоз на патници.

– Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје… Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред за управување… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Од страна на инспектори на Државен инспекторат за патен сообраќај и инспектори од единиците на локална самоуправа, кои исто така учествуваа во акциската контрола, преземени се 18 мерки поради вршење на јавен превоз без лиценца.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, рече Ангеловски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Блинкен: Преговорите со Иран достигнаа точка на итност

Следно

ФИФА со ново правило во фудбалот кое нема да им се допадне на богатите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian