Ковачевски–Галовеј: Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија

1 min read

Скопје и Лондон имаат заеднички интерес Северна Македонија да обезбеди одржлива енергетска независност е заклучокот од денешната средба на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј.

Како што соопштуваат од Владата, премиерот Ковачевски на средбата ја изразил неговата благодарност, на Владата и на граѓаните на нашата земја за традиционалното пријателство на Обединетото Кралство. Тој потсетил дека Обединетото Кралство претседаваше со ЕУ кога нашата земја го доби кандидатскиот статус во 2005 година кога премиер на Обединетото Кралство беше Тони Блер и посочил дека народот на Северна Македонија ја памети таа одлука како една од најзначајните во процесот на нашата евроинтеграција.

Амбасадорката Рејчел Галовеј на средбата потврдила дека Обединетото Кралство останува силен поддржувач на клучните реформски процеси во Северна Македонија. Таа истакнала дека Обединетото Кралство е силен и долгогодишен партнер на Северна Македонија и ги поддржува нејзините аспирации да стане членка на Европската Унија.

 Ќе продолжиме да работиме заедно на просперитет на земјата во насока на економска соработка и ќе продолжиме да ја поддржуваме енергетската стратегија на Северна Македонија и нејзината посветеност за целосна и одржлива транзиција кон обновливи извори на енергија, посочила Галовеј, пренесуваат од Владата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австриска лотарија против лотаријата со здравјето: По три лоза за оние со засилувачка доза

Следно

„Австралија опен“: Радукану непријатно изненадена од Ковиниќ

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian