Иванка Трамп повикана да сведочи во истрагата за нападот на Капитол

1 min read

Поткомитет на Претставничкиот дом на САД што го истражува насилниот упад во американскиот Конгрес на почетокот на јануари 2021 година побара од Иванка Трамп, ќерката на поранешниот претседател Доналд Трамп, доброволно да соработува во постапките што ги води. Од Иванка Трамп е побарано да присуствува на сослушувањето, кое ќе се одржи на почетокот на февруари, и да даде информации за постапките на нејзиниот татко, вклучително и телефонски разговор со поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс.

Од Пододборот се обидуваат да ги потврдат тврдењата дали Трамп потоа извршил притисок врз Пенс да ги отфрли резултатите од претседателските избори на кои нејзиниот татко беше поразен. Иванка Трамп беше советник на нејзиниот татко додека тој беше американски претседател.

– Сведочењето што го добивме покажува дека персоналот на Белата куќа постојано барал ваша помош во обидот да го убеди претседателот Трамп да реагира на беззаконието и насилството на Капитол Хил, се наведува во повикот до Иванка Трамп.

Претходно оваа недела беа издадени обврзувачки покани за присуство на судењето на Руди Џулијани и другите членови на правниот тим на Трамп кои поднесоа неосновани приговори за регуларноста на изборните резултати во 2020 година.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ди Каприо: Шефот на НАСА пред пет години ми откри дека допрва доаѓа катастрофа за светот и погоди

Следно

Американецот Вер не е повеќе играч на МЗТ Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian