Исплатени финансиските долгови на ФК Пелистер, Мицевски избран за спортски директор

2 mins read

Општина Битола, почна да работи на стабилизирање на Фудбалскиот клуб Пелистер и создавање добра основа, буџет и управа, кои ќе придонесат за спортско издигнување на клубот.

Градоначалникот на општина Битола, на денешната прес конференција информираше за реализираните постапки од новата локална самоуправа во досегашниот период, како и за активностите кои ќе следуваат.

– Тоа што го најавивме пред неколку дена, дека како општина, застануваме зад Фудбалскиот клуб Пелистер, веќе го реализираме. Имајќи ја предвид затекнатата состојба, како и потребата од брзо делување, веќе ги исплативме заостанатите обврски на клубот за месеците октомври, ноември и декември 2021 година.

Со тоа, заклучно со 01.01.2022 регулирани се финансиските обврски на клубот, со цел создавање основа за понатамошно добро функционирање и подготовки за постигнување на добри резултати. Покрај решавањето на финансиските проблеми, пристапивме и кон решавање на останатите проблеми со кои се соочува клубот.
Сакам да ја информирам јавноста, дека нов спортски директор на клубот е Ванчо Мицевски.

Тука со нас се и големите фудбалски имиња, легенди на битолскиот фудбал Митко Стојковски, Тони Мицевски, Сашо Здравевски, Спасе Ристевски и Златко Цветановски, со кои во изминатиот период имавме координативни средби и состаноци на кои разговаравме за иднината на клубот, при што посебно ми е драго што ја прифатија подадената рака од Општина Битола, да дадат поддршка и да бидат дел од процесот на спортско издигнување на клубот. Со реализираните активности, како и работата која не очекува во следниот период, очекувам дека ќе постигнеме стабилизирање на клубот, а како поддршка во таа насока очекувам коректен однос од претходните сопственици, со цел навремено и соодветно делување во интерес на застанување на клубот на „здрави нозе“ и негово комплетно опоравување од незавидната ситуација во која го затекнавме – изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Мицевски изрази верување дека ФК Пелистер ќе ја врати својата вистинска позиција на бренд во македонскиот фудбал, од каде и понатаму ќе излегуваат добри фудбалери. Во оваа насока, дополнително ќе работат и тренерите во школата, со цел 70% од играчите да бидат домашни, од битолската школа, а така подготвени, понатаму да бидат и носители на клубот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дванаесет починати пациенти и 1.172 нови случаи на ковид-19 во изминатиот ден

Следно

Владата на Црна Гора одлучува за скратување на мандатот на Собранието

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian