Голем трансфер во редовите на дебитантот во Првата лига, КК Феникс 2010 го ангажираше 33-годишниот крилен центар Бојан Трајковски.
Македонскиот репрезентативец ја стартуваше сезоната во редовите на Пелистер, за 10 натпревари запиша учинок од 8,4 поени, 5,8 скокови и 2,0 асистенции по меч.
Во АБА2 лигата забележа учинок од 10,4 поени и 2,7 скокови по меч.
Во својата професионална кариера играше за Атомерому (Унгарија), косовската Приштина и полскиот Шарни во странство, а на домашната сцена ги бранеше боите на МЗТ Скопје Аеродром, Фени Индустри, Куманово, Карпош Соколи и Кожув.
Моментно во шампионатот на табелата КК Феникс 2010 се наоѓа на осмото место со шест победи и исто толку порази.
– Дебито на петкратниот освојувач на Првата лига и шесткратниот освојувач на Купот во „виолетово-жолтиот“ дрес се очекува на престојниот натпревар против Работнички кој го играме на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“, информираат од клубот.