ФОТО | Многу фотошоп: Вака реално изгледаат „совршените“ стомачни мускули на Џеј Ло кога ќе ја уловат неподготвена!

3 mins read

Латино дивата Џенифер Лопез минатото лето наполни 52 години, но да бидеме реални, кој би ѝ дал толку во еден момент? Дури и врапчињата на гранката знаат дека оваа убавина е стара колку виното, а жените ширум светот се восхитуваат на нејзината фигура и природна убавина.

Покрај здравата исхрана и редовното одење во вежбална, Џеј Ло беше особено блеска во последните неколку месеци поради нејзината нова-стара љубов. Речиси 18 години по наглото раскинување на свршувачката, Бен Афлек повторно влегол во нејзиниот живот, а таа долго време не била толку среќна .

Талентираната убавица со години не е тргната од тронот на една од најголемите ѕвезди на денешницата, а светот го освојува, меѓу другото, со своето совршено тело и лице без ниту една брчка. Иако пејачката се колне во главната состојка на својата заносна линија, маслиновото масло, во последните месеци има сѐ повеќе коментатори кои тврдат дека е време да се признае дека користи ботокс и филери, како и повеќето познати дами.

Иако секојдневно го обликува своето тело во вежбална, се најде на удар на критиките дека своите објави на Инстаграм премногу ги фотошопира и дека во реалноста е поинаква.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Но, најновите фотографии на Џенифер ги фрлаат сите овие гласини во вода. Последните денови, Џеј Ло се најде на удар на критики, бидејќи папараците ја уловија латино дивата во прошетка со ќерка ѝ Ема, притоа музичката дива била облечена во краток џемпер и долго здолниште кои го откриле стомакот, а од совршените стомачни мускули ниту трага. Обожавателите се прашуваат: „Каде се совршените стомачни мускули на згодната пејачка?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џенифер доби и многу непријатни коментари на сметка на својот изглед, кои ја обвинуваат дека со фотошопирањето на своите фотографии во обид да покаже дека изгледа нереално добро, таа лошо влијае на младите генарации.

„Дали е свесна колку лошо тоа се одразува на помладите генерации. Зошто е срамота да се има опуштен стомак?“, „Социјалните мрежи станаа место каде што веќе никој не личи на себе“, „Секако изгледа добро, не разбирам зошто толку многу се користи фотошоп!“, се само дел од коментарите.

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Австралија опен“: Радукану непријатно изненадена од Ковиниќ

Следно

Христовски го затекнал ЈП „Градски паркинг“ со долг од 33 милиони денари кон Град Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian