Евтина верзија на молнупиравир ќе се произведува за посиромашните земји

2 mins read

Агенција поддржана од ОН склучи договор со речиси 30 производители на генерички лекови да направат евтини верзии на пилулата против ковид-19 на Мерк, молнупиравир, за посиромашните нации, проширувајќи го пристапот до лекот кој се смета за оружје во борбата против пандемијата, пишува Ројтерс.

Антивирусниот лек, кој во декември доби итно одобрение во Соединетите Држави, ги намалува хоспитализирањата и смртните случаи на пациенти со висок ризик за околу 30 отсто, според резултатите од клиничките испитувања.

Договорот за кој преговараше Патентот за лекови (MПП поддржан од ОН со Мерк, им дозволува на 27 производители на генерички лекови од Индија, Кина и други земји од Африка, Азија и Блискиот Исток да произведуваат состојки и готов лек.

МПП во четвртокот соопшти дека договорот предвидува дека пилулата ќе биде дистрибуирана до 105 помалку развиени земји.

Креаторите на молнупиравир, како Мерк, американската компанија Ridgeback Biotherapeutics и Универзитетот Емори, нема да добијат авторски права за продажба на евтините верзии произведени од производители на генерички лекови додека ковид-19 останува класифициран како итен случај за јавното здравје од меѓународна загриженост од страна на Светска здравствена организација (СЗО).

„Ова е критичен чекор кон обезбедување глобален пристап до итно потребниот третман за ковид-19 и уверени сме дека, бидејќи производителите тесно соработуваат со регулаторните органи, предвидените третмани ќе бидат брзо достапни“, рече извршниот директор на MПП, Чарлс Гор.

Бангладешката Beximco Pharmaceuticals, индиската Natco Pharma, јужноафриканската Aspen Pharmacare Holdings и кинеската Fosun Pharma се меѓу генеричките фирми кои ќе го произведуваат готовиот производ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жичницата на Водно е безбедна за употреба, контроли се прават секој ден

Следно

Бугарски историчар: Петков не се поклони на гробот на Гоце Делчев – тоа е сериозен гаф

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian