Во групата „1“ од главната фаза на Европското првенство репрезентацијата на Франција ја оправда фаворитската улога убедливо славејќи над Холандија со 34:24.
Најефикасен кај „триколорите“ беше Мине со осум погодоци, додека Смитс на спротивната страна забележа четири.
Шпанија лесно славеше против Германија 29:23 во групата „2“. Германците добро парираа во првиот половина час, на полувремето заминаа со +2 за „фуријата“ (14:12).
Почетокот во вториот дел беше како сон за Шпанците, брзо стекнаа седум гола предност (19:12) и мирно го приведоа натпреварот кон крајот.
Македа беше најефикасен кај Шпанците со шест голови, а во германскиот состав по пет имаат Зикер и Гоља.
Jа урнаа и Хрватска – Црногорците не се „аутсајдери“, сонуваат за полуфинале на ЕП!