Ди Каприо: Шефот на НАСА пред пет години ми откри дека допрва доаѓа катастрофа за светот и погоди

2 mins read

Актерот Леонардо Дикаприо на промоцијата на филмот „Don’t Look Up“ во продукција на „Netflix“ зборуваше за проблемот со климатските промени и рече дека не е оптимист на таа тема.

Рецензија: „Don’t look up“ е огледало што ја зголемува, но не ја искривува реалната слика за човештвото

„Се сеќавам дека работев на документарниот филм „Before the flood“ кога го посетив шефот на НАСА, кој детално ми објасни што ќе се случува во светот во следните пет години. Го прашав: „Што ќе се случува во Калифорнија?“, на што тој ми одговори: „Ќе има огромни пожари кои ќе уништат безброј дрвја, а потоа ќе следи невидена суша“, раскажа актерот.

Дикаприо тврди дека занемарувањето на научната заедница е срамота и рече дека корпорациите треба да дадат свој придонес доколку сакаме да имаме позитивно решение за оваа ситуација.

„Сè се сведува на еволуцијата на свеста на нашиот вид и одлуката дали ќе реагираме навреме. Сега експертите ни дадоа период од девет години во кој последиците од климатската криза ќе станат појасни, пореални и неповратни. Тоа е она што не ме прави оптимист. Светот што го гледаме денес, со сите овие катастрофи, нема да се подобри, само ќе се влошува“, заклучи Леонардо.

Актерот вели дека е горд што е дел од филм кој сака да ја прикаже реалноста и да ја истакне итноста за акција, но верува дека напорите мора да дојдат од приватниот сектор, односно од компаниите кои произведуваат 70 отсто од светските емисии.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕП: Французите убедливи, Шпанија лесно против Германија

Следно

Иванка Трамп повикана да сведочи во истрагата за нападот на Капитол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian