Бајден вели дека евентуален влез на руска војска во Украина ќе се смета за „инвазија“

1 min read

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили во Украина ќе се смета за инвазија. Бајден на прес-конференцијата посочи дека Русија ќе плати висока цена во случај на руска инвазија врз Украина и дека САД подготвиле пакет санкции што ќе им бидат воведени доколку тоа се случи.

– Доколку кои било руски воени единици се придвижат преку украинската граница, тоа ќе биде инвазија, изјави Бајден, додавајќи дека бил „апсолутно јасен” со неговиот руски колега Владимир Путин.

– Тоа ќе биде дочекано со строг и координиран економски одговор за кој детално разговарав со нашите сојузници, како и многу јасно изложен на претседателот Путин.

– Русија ќе плати висока цена, нагласи тој на прес конференција.

Руските власти претходно денеска соопштија дека предупредувањето на претседателот Бајден за можни разорни последици доколку Русија тргне кон Украина нема да помогне да се намалат тензиите, туку може дополнително да ја дестабилизира ситуацијата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Аеродром ќе се гради голем фудбалски стадион, со радост соопшти Муцунски

Следно

Скопјанец кој исчезна во декември е пронајден мртов во Волково

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian