Јани Атанасов го продолжи договорот со Хајдук Сплит

1 min read

Македонскиот фудбалер Јани Атанасов потпиша нов договор со екипата на Хајдук Сплит за уште една година, односно до лето 2023 година.

Нашиот 22-годишен играч за врска во оваа хрватска екипа стигна во септември 2020 година и оттогаш настапи во 47 официјални натпревари, постигна четири голови и запиша две асистенции.

– Многу сум среќен што го продолжив договорот со Хајдук и што ќе бидам дел од овој проект во наредниот период. Од првиот ден во Сплит се чувствувам прекрасно и голема чест е да го носам дресот на овој голем клуб со најдобрите навивачи во светот.

Чувствувам голема одговорност и предизвик да ја вратам таа доверба со добри игри и успеси на тимот и верувам дека оваа сезона заедно ќе се радуваме на успеси – рече Атанасов по продолжувањето на договорот.

Моментно на табелата во хрватскиот шампионат Хајдук се наоѓа на четвртото место со 35 бодови, зад водечкото трио Динамо Загреб, Риека и Осиек кои имаат по 40.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец кој исчезна во декември е пронајден мртов во Волково

Следно

Дизајниран да ја боли доколку се обиде да го извади: Машин Ган Кели ја откри тајната скриена во веренечкиот прстен на Меган Фокс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian