Актерот Димоски сведочел на трагедијата кај „Сити мол“: Слушнав крици кои нема да ги заборавам

1 min read

Актерот Жарко Димоски вечерва на Фејсбук напиша дека сведочел на моментот кога се случи страотната несреќа во скопската населба Карпош, кога 22-годишен возач на пешачки премин удри во момче и девојка од Радовиш.

Девојката загина на самото место, а момчето е повредено и пренесено во болница.

„Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира смртта на девојката, слушнав крици што нема да ги заборавам цел живот! Улиците ни се како минско поле, ризик е да излезеш од дома, за жалење сме!“, напиша Димоски.

Во несреќата, која се случи околу 19 часот и 30 минути на крстосницата пред трговскиот центар „Сити мол“, загина 24-годишна девојка од Радовиш, а тешко е повредено момче-нејзин врсник.

Детали за несреќата кај „Сити мол“: Има уште една жртва, повредено момче е пренесено во болница

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тајкун возел 400 километри на час по автопат (ВИДЕО)

Следно

ВИДЕО: Ливерпул против Челси за трофејот во Лига купот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian