Судот го одби барањето за апсење на Порошенко

1 min read

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко денеска ја доби судската пресуда, која му овозможи да остане на слобода.

Петро Порошенко судење EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Според Ројтерс, Порошенко се појавил на суд додека илјадници негови поддржувачи демонстрирале, скандирале и вееле знамиња пред сослушувањето.

Петро Порошенко судење EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

„Ова се уште не е победа, ова е првиот чекор во вистинската насока“, рече Порошенко по пресудата.

Како што се наведува, судијата го одбил барањето на државниот обвинител за притвор, но Порошенко мора да остане во Киев и морал да го предаде пасошот.

Петро Порошенко судење EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

„Одземањето на мојот пасош ја попречува мојата политичка активност. Фактот дека сум ограничен на мојот престој во Киев ја попречува мојата внатрешно-политичка активност“, рече тој.

Петро Порошенко судење EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Поранешниот украински претседател е обвинет дека бил вклучен во продажба на големи количини јаглен, со кој се финансирале активностите на проруските сепаратисти во источна Украина од 2014 до 2015 година.

Порошенко тврди дека зад обвинувањата стојат поддржувачи на актуелниот украински претседател Володимир Зеленски.

Тој ја напушти Украина на крајот на минатиот месец, а во меѓувреме имаше средби со официјални претставници во Брисел, Берлин и други европски метрополи, потсетува Ројтерс.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бегајте од психичките вампири: Пет типови луѓе кои ќе ја исцицаат целата среќа од вас!

Следно

Петков: Посетата на Скопје беше огромен успех

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian