Собирањето докази заврши, истрагата за несреќата на македонскиот автобус во Бугарија е при крај

1 min read

Завршено е собирањето докази за тешката сообраќајна несреќа на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија и истрагата е при крај. Во моментов се собрани огромен број докази, неопходни за расветлување на објективната вистина, изјави за БТА портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева.

Инцидентот се случи на крајот на ноември, кога автобус со регистрација од РС Македонија го зафати пожар и повеќе од 40 луѓе, меѓу кои и деца, загинаа. Туристите патуваа од Турција до Северна Македонија.

– Она што останува да се направи е да се испрати молба за правна помош до Скопје, со цел да се информираат и запознаат роднините на жртвите. Според бугарското законодавство, тие имаат право да поднесат граѓанска тужба во судската постапка и да се запознаат со материјалите од предистражната постапка, додаде Милева.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Британскиот премиер најави укинување на ограничувања поврзани со коронавирусот

Следно

Организаторот на Австралија Опен ќе ги плати судските трошоци место Ѓоковиќ?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian