Ретро фотографија од Скопје кога градот имаше душа и многу гулаби!

2 mins read

Во фејсбук групата „Стари скопјани“ каде редовно се споделуваат фотографии и приказни од едно дамнешно време кога Скопје беше омилено место за сите, осамна преубава фотографија од Скопје пред земјотресот со полно гулаби. 

Ова е фотографија која говори за едни минати убави времиња, кога Скопје имаше душа!

-Да, Скопје имаше душа… имаше луѓе кои имаа душа…душата на градот беа тие…неговите граѓани,… ама, како времето минуваше се испилија некои чудни пилци…., пишува во коментар една скопјанка. 

-Некои сакајќи да му дадат еднен поинаков лик, создадоа непознат не својствен лик за градот на Вардар и неговите постари жители се почувствуваа како туѓинци во својот град кој веќе не наликува на нивниот град од детството од младоста, додава таа. 

-Пешки одевме во сите правци на училиште, на музичко, на Водно еднаш неделно. На опера кога имаше гостување од Белград. Одевме и на концерти во прекрасна сала на Воениот сон. Доаѓаа врвни музичари од цела Европа, кои беа на почеток или на крај на нивната кариера.Скопската публика беше многубројна и музикална, за нас децата имаше бесплатен влез. Бесплатно одевме и во театарот. Со малку пари одевме по библиотеките и редовно имаше филмови и од Скопје, Белград, Загреб…Растевме безгрижно, се одеше на сите пазарчиња, Бит пазар, зелено пазарче…Можеше секоја фамилија да има свежо овошје и зеленчук. Се живееше во рај мислевме дека нема да има повеќе војни…, споделува впечатоци друг скопјанец. 

 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

2022 ќе биде убедливо најдобра година за овој хороскопски знак, тврдат руските астролози

Следно

Над 70 илјади ковид случаи во последниве 24 часа во Израел

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian