Радев и Јотова дадоа заклетва за почеток на вториот мандат за претседател и потпретседател на Бугарија

1 min read

Бугарскиот претседател, Румен Радев, и потпретседателката Илијана Јотова денеска на свечена церемонија во Народното собрание положија заклетва за вториот мандат на функциите, пишува БГНЕС.

Двајцата, како и сите функционери присутни во пленарната сала, на централниот влез на Народното собрание ги пречека репрезентативна стражарска чета.

На церемонијата присуствуваа претседателот Петар Стојанов (1997-2002 година), како и претходните претседатели на Народното собрание – Михаил Миков, Борислав Великов, Огњан Герџиков, како и актуелниот премиер Кирил Петков и владините министри.

Радев и Јотова во салата беа пречекани од станати пратеници од четирите партии во владејачката коалиција, додека останатите пратеници од „Препород”, ГЕРБ-СДС и ДПС останаа да седат.

Во својот говор по полагањето заклетва Радев потсети дека пред пет години граѓаните му дале и му ја довериле одговорната мисија на претседател на Бугарија да работи за суверенитетот и безбедноста на државата.

Според Радев, неговиот прв претседателски мандат бил во драматично време во кое стариот авторитарен модел на владеење го достигна својот зенит. Додека во општеството се зголеми незадоволсвото од корупцијата, беззаконието и пропагандата, на кои тој се потпираше. Граѓанскиот бунт во 2020 година протрив мафиотизацијата на власта на површината ги извади фактите и процесите, што таа ги премолчуваше. И на мене не ми е пријатно, но јас ја претпочитам вистината, кажа уште шефот на државата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нè очекува влажен и студен бран со снег и голомразица

Следно

ФОТО | Антониа Гиговска топлес: Згодната пејачка во најпровокативно издание досега!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian