Кошаркарите на Академија ФМП ја остварија првата победа во клупската историја во БИБЛ лигата откако со 84:81 славеа на гостувањето кај Левски.
Избраниците на тренерот Александар Петровиќ до победата со долична игра во второто полувреме кога направија пресврт откако во првото полувреме имаа и 21 поен негатива.
Но, со серија од 22:2 дојдоа до само еден поен негатива, 50:51, и до крајот со одлична игра во последната четвртина ја запишаа првата победа во БИБЛ Лигата.
Сега Академија ФМП има скор од 1:6, а следниот натпревар ќе го игра против Балкан.