Џонсон денеска во парламентот ќе се обиде да го намали притисокот врз неговата партија

1 min read

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе се обиде да ја зајакне својата позиција како премиер по бунтот и постапките на членовите на неговата Конзервативна партија, кои се лути поради низата забави на Даунинг стрит за време на заклучувањето.

Џонсон во моментов се соочува со повици да поднесе оставка по серијата откритија за собири во Даунинг стрит за време на локдаунот, потсетува Ројтерс. 

Тој во неколку наврати се извини за собирот, наведувајќи дека не знаел за многу од тие настани, иако присуствувал на еден таков настан на 20 мај 2020 година, за кој, како што тврди, сметал дека е од работен карактер.

Ако 54 од 360-те конзервативни пратеници во британскиот парламент напишат писмо за недоверба на Џонсон и му го достават на Греам Брејди, претседателот на влијателниот Комитет 1922, тогаш ќе се одржи гласање што може да ја оспори неговата лидерска позиција во партијата.

Дури 20 конзервативни пратеници, кои ги освоија своите места на општите избори во 2019 година, планираат да поднесат писма за недоверба. Анализата на Тајмс покажа дека 58 конзервативни пратеници го критикувале премиерот. Писмата се доверливи, па затоа претседателот на Комисијата е единствениот кој знае колку пратеници всушност ги напишале.

Џонсон денеска ќе се обрати во парламентот, откако се очекува неговиот кабинет да ги одобри плановите за укинување на ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на коронавирусот во Англија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Недостатокот на овој витамин предизвикува проблеми со срцето: Проверете дали доволно го внесувате

Следно

Од Гласот на Америка во Алфа – телевизијата доби нов одговорен уредник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian