Ѓоковиќ купи компанија која бара лек за коронавирус

1 min read

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, станаа сопственици на 80 отсто од акциите на данска компанија која бара лек за коронавирус, пишува Ројтерс.
Според Ројтерс, станува збор за компанијата „KvantBioRes“, а Новак сега поседува 40.8 отсто од акциите, додека Јелена има 39.2 отсто.

Компанија има 11 научници кои работата во Словенија, Данска и Австралија и тоа на третман против ковид-19, а не на вакцина.

Целта на компанијата е да се најде начин да се спречи заразувањето на човечките ќелии, а клиничките испитувања ќе започнат на лето и тоа во Обединетото Кралство.

Засега не е познато колку Новак Ѓоковиќ платил за да мнозинскиот дел од акциите на данската компанија.
Новак Ѓоковиќ изминатиот период се најде на удар на австралиската јавост бидејќи не е вакциниран против коронавирус и во земјата влезе со виза за медицинско изземање кое му го дадоа две независни лекарски комисии, таа на Австралија Опен и на сојузната држава Викторија.

Но, федералната влада му ја укина визата по што тенисерот се жалеше пред судот и го доби тој спор, но министерот за имиграција Алекс Хок го искористи своето дискреционо право и повторно му ја укина визата. Адвокатскиот тим на Ѓоковиќ поднесе жалба, но овој пат спорот се пресели во сојузниот суд каде тројца судии едногласно ја потврдија одлуката на министерот да му се укине визата на Ѓоковиќ и да биде протеран од Австралија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

КОВАКС бара 5,2 милијарди долари за продолжување на програмата

Следно

ФОТО | Северина повторно шокира: Се соблече гола на 49 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian