Ѓоковиќ купи 80 отсто од данска компанија за развој на третмани против Ковид-19

1 min read

  Тенисерот Новак Ѓоковиќ купи 80 отсто од данската биотехнолошка компанија QuantBioRes. Тоа е компанија што развива медицински третмани против Ковид-19.

Ѓоковиќ купи 80 отсто од компанијата во јуни 2020 година, изјави нејзиниот извршен директор Иван Лончаревиќ, без да наведе колкава е инвестицијата. Компанијата вработува 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, рече Лончаревиќ.

Тој истакна дека Квантиорес развива терапија, а не вакцина против коронавирусот. Компанијата развива пептид, што спречува коронавирусот да зарази човечка клетка, а во текот на летото очекува да започне со клинички испитувања во Велика Британија, јави Бета

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ужасна трагедија: Загина најпознатиот француски актер, скијањето се претворило во хорор

Следно

Неверојатна животна приказна на Филип Ристовски: Лекарите му давале еден отсто шанса дека ќе преживее, денес освојува награди во трчање

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian