Надал се пласира во третото коло на Австралија Опен и порача сите тенисери да се вакцинираат

1 min read

Рафаел Надал обезбеди пласман во третото коло на Австралија Опен откако со 6:2,6:3,6:4 го победи Германецот Јаник Ханфман.

Надал на прес-конференцијата по мечот беше запрашан и за задолжителната вакцинација на тенисерите и тенисерките за да се избегнат скандали каков што беше тој со Новак Ѓоковиќ.

– Јас не сум тој што ќе носи такви одлуки. Последните две години играме во меури и тоа се тешки и предизвикувачки услови. Доколку сите се вакцинирани, ќе го подобриме животот на и надвор од турнирите. Секогаш ќе поддржувам безбедни мерки кои ќе го заштитат здравјето и животот на сите – изјави Надал.

Надал во третото коло ќе игра против Канаѓанецот Денис Шаповалов кој во пет сета со 6:7,7:6,7:6,5:7,6:2 го победи Кореецот Квон.

Успешен настап имаше и младиот Шпанец Карло Алкараз кој со 6:2,6:1,7:5 го елиминира Лајовиќ, Матео Беретини во четири сета беше подобар од Козлов од САД.
Адријан Манарино направи изненадување со елиминацијата на 11 носител, Хуберт Хуркач победувајќи го со 6:4,6:2,6:3.

Во женска конкуренција, првата носителка Ешли Барти и дозволи на Италијанката Бронѕети само два гема (6:1,6:1) и во третото коло ќе игра со уште една Италијанка, Камила Џорџи која пак со 2:1 во сетови ја совлада Мартинцова.
Паула Бадоса со 6:0,6:3 ја победи Тревизан, а три гема загуби и Викторија Азаренка против Тајхман (6:1,6:2)

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Од Гласот на Америка во Алфа – телевизијата доби нов одговорен уредник

Следно

Што се јаде денеска, на Богојавление-Водици: Домаќинките го служат оваа јадење во чест на Исус Христос

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian