На 112 години почина најстариот човек на светот: За неговиот рецепт за долговечност долго ќе се зборува

1 min read

Најстариот човек на светот – Сатурнино де ла Фуенте Гарсија од Леон во Шпанија, почина на 112 години и 341 ден, објави Гинисовата книга на рекорди.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by India Today (@indiatoday)

Во септември 2021 година, Гарсија го собори Гинисовиот рекорд за најстара личност во светот. Роден е на 11 февруари 1909 година и зад себе остави седум ќерки, 14 внуци и 22 правнуци.

Бил висок само метар и пол, поради што успеал да избегне учество во Шпанската граѓанска војна во 1936 година. Наместо тоа, почнал да работи како чевлар.

Гарсија еднаш како рецепт за долг живот навел дека никој не треба никого да повредувате.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прва победа за Академија ФМП во БИБЛ

Следно

Словенците по дебаклот го шутнаа Врањеш

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian