Нè очекува влажен и студен бран со снег и голомразица

1 min read

Под влијание на влажен и студен бран утре во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат и во петок, кога ќе се
прошират и во останатите делови, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот тек на Повардарието.

Од УХМР истакнуваат дека заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер. Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремен локален снег. Дневните температури на повеќе места ќе бидат под нулата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркел ја одби понудата од Гутереш да работи во ОН

Следно

Радев и Јотова дадоа заклетва за почеток на вториот мандат за претседател и потпретседател на Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian