Муслиу и официјално е нов фудбалер на Инголштад

1 min read

Македонскиот репрезентативец, Висар Муслиу, и официјално кариера ја продолжува во Германија откако денеска е претставен како нов играч на второлигашот Инголштад.

– Многу сум среќен што потпишав за ФК Инголштад 04. Посебно е тоа што ќе играм во Германија. Првите впечатоци од клубот и разговорите со раководството беа многу позитивни – изјави Муслиу.

Муслиу во Инголштад дојде од унгарскиот шампионат каде од 2019 година го носеше дресот на МОЛ Фехервар.
Германскиот тим се наоѓа во незавидна позиција, се наоѓа на последното место на табелата во втората германска лига со 10 бода, седум помалку од 16-пласираниот Сандхаузен кој се наоѓа на позиција која му носи бараж натпревар за опстанок.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков: Посетата на Скопје беше огромен успех

Следно

Актуелните мерки во Грција за угостителските објекти продолжени уште една седмица

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian