Меркел ја одби понудата од Гутереш да работи во ОН

1 min read

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, која цели 16 години го означуваше не само развојот на својата земја, туку и на Европа, доби понуда за работа од Њујорк.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и понуди на Меркел да биде дел од советодавен тим на високо ниво во светската организација.

ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во ОН, пренесе дека на Меркел и било понудено претседателство со телото за глобални јавни добра, од што потенцијално би требало да имаат корист сите граѓани на светот.

Понудата генералниот секретар на ОН ја испратил преку писмо до Меркел.

Меркел одби

Меѓутоа, од седиштето на ОН во Њујорк оценуваат дека мали се шансите Меркел да ја прифати понудата. Но, сето тоа се разјасни откако Меркел официјално ја одби понудата, како што јави ДПА.

Телото за глобални јавни добра е проект на Гутереш, како дел од реформите на ОН.

Во својот извештај за реформите на ОН минатата година, тој најави дека ќе ги повика поранешните шефови на држави и влади да воспостават глобална листа на јавни добра и други области од заеднички интерес каде што треба да се подобри управувањето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Водици се одбележува во Скопје, кај мостот „Слобода“

Следно

Нè очекува влажен и студен бран со снег и голомразица

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian