Критична ковид состојба во Бразил: Омикрон ги преполни болниците

1 min read

Бразил пријави рекордни 137.103 нови случаи на ковид  во последните 24 часа, поради ширењето на сојот омикрон во таа јужноамериканска земја, соопшти Министерството за здравство.

Во рок од 24 часа, како последица на инфекцијата починале 351 лице, што е најголем број од средината на ноември. Бидејќи лесно преносливиот омикрон стана доминантна варијанта во земјата, бројот на нови случаи се искачи над претходниот дневен рекорд од 115.228 регистриран на 23 јуни минатата година.

Бразил има регистрирано 23.211.894 случаи на заразени од почетокот на пандемијата, додека официјалниот број на починати достигна 621.517, соопшти Министерството. Според проценките на Ројтерс, Бразил има трет најголем број на смртни случаи од ковид-19 во светот, по САД и Русија.

Ширењето на омикрон повторно ги наполни болниците, што ги натера властите да обезбедат повеќе кревети и да мобилизираат повеќе медицински персонал, иако оваа варијанта се чини дека е помалку смртоносна од претходните.

Речиси 70 отсто од Бразилците се целосно вакцинирани, а Бразил почна да ги вакцинира децата на возраст од 5 до 11 години оваа недела, и покрај противењето на претседателот Жаир Болсонаро, кој е скептичен за вакцините.

Опаѓа популарноста на Болсонаро: Се подготвува ли промена на врвот во Бразил?

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Костовски: Го решаваме проблемот со нелегално изградените објекти во општина Бутел

Следно

Симболично осветени водите во базенот во црквата „Света Петка” во Дебар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian