Кратко и јасно! Лепа Брена ја откри вистината дали ќе гради ски-центар и хотел над Сараево

1 min read

Фолк-ѕвездата Лепа Брена (61) ги демантираше пишувањата на босанските медиуми дека таа и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ (58) имаат намера да изградат хотел и ски-центар на планината Требевиќ, над Сараево, пишуваат српските медиуми.

Ски-центарот би имал две патеки долги 700 метри, со еден ски-лифт, а проектот е планиран во рамките на Паркот на природата Требевиќ. Таа, наводно до крајот на јануари требало да постигне конечен договор со властите во општината Источен Стар град во Република Српска.

Во проектната документација било наведено дека Сараево ќе биде еден од ретките, ако не и единствен главен град кој би имал скијачка патека со поглед на градот. Според идејниот проект, предвидена е изградба на скијачка патека и ски-лифт (двосед) и обезбедување на систем за вештачки снег. Во оваа насока, во план се и објекти за одржување и управување со ски-системот и придружните угостителски објекти покрај скијачките патеки.

– Не е точно – кратко одговорила Брена за „Новости.рс“ на прашањето дали е вистина дека планира да изгради хотел и центар за скијање на Требевиќ, каде што се одржуваа натпревари во боб и санкање за време на 14. Зимски олимписки игри во 1984 година.

Инаку, Лепа Брена на социјалните мрежи објавила и дека го закажала првиот концерт во оваа година. Фолк-ѕвездата на 5 март ќе запее во арената „Пирамида Восендорф“ кај Виена, Австрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Италијанецот Сантарели е новиот селектор на српските одбојкарки

Следно

Икона и златник од Град Скопје за Горан Николовски кој го фати светиот Крст во Вардар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian