ИЈЗ: Нов раст на бројот на заболени од ковид, 33.9 % во однос на минатата недела

2 mins read

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) соопшти дека според нивниот извештај, во периодот 10 – 16 јануари, регистрирани се 11.123 нови позитивни случаи на ковид-19 во 35 градови во државата, што е зголемување од 33.9% во однос на минатата недела.

Тестирани се вкупно 45.401 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање, со намалување од 14.7% во однос на минатата недела.

„Процентот на позитивност се движи од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.630; 50,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево – 1.152,4/100.000. Висока инциденца се регистрира и во Битола (n=1.025; I=1.035,5/100.000)“, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најзастапени се возрасните групи на лица на возраст 30-39 години, односно 2.643 или 23.8% и од 20-29 години, 2.153 случаи или 19.4%. Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години, 205 случаи или 1.8 отсто.

„Се забележува зголемување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи со најголемо зголемување кај возрасната група над 60 години со зголемување од 99,6% и возрасната група 50-59г со зголемување од 90,3% во однос на претходната недела. Се регистрира минимално намалување на бројот на заболени кајвозрасните групи од 20-29г (-4,3%) и 10-19г (-2,5%) во однос на минатата недела“, додаваат од ИЈЗ.

Минатата недела вкупно се пријавени 1.247 реинфекции, што претставува зголемување од 31,8% во однос на претходната недела.

55 смртни случаи се регистрирани во минатава недела во 15 градови или 34.1% повеќе од претходната недела, соопшти ИЈЗ.

„Најголем дел од нив се од Скопје (22). Во однос на возраста, најголем број (n=48; 87,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (4), 40-49 години (2) и 30-39 години (1)“, соопштуваат од ИЈЗ.

Омикрон е откриена во седум градови, односно во Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија. Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, од вкупно 96 позитивни испитани примероци, кај 57 случаи или 59.4% бил пријавен омикрон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Крстот е заеднички, рече скопјанецот Јакимовски кој го извади крстот од водите на Вардар

Следно

Италијанецот Сантарели е новиот селектор на српските одбојкарки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian