Додик им се заблагодари на Вучиќ и Ердоган поради почитувањето на Дејтонскиот договор

2 mins read

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик го поздрави разговорот меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за ситуацијата во БиХ и нивната посветеност на почитување на Дејтонскиот мировен договор и Уставот на БиХ.

– Благодарен сум им за тоа и ги поддржувам напорите преку дијалог да се дојде до решение во БиХ, што вчера го иницираа претседателите Вучиќ и Ердоган. Република Српска отсекогаш јасно се залагала за почитување на Дејтонскиот договор и дијалог меѓу политичките претставници на трите конститутивни народи во БиХ. Република Српска во ниту еден момент не го загрози мирот и стабилноста во БиХ, ниту беше наша намера, туку инсистираме да се почитува Уставот и она што беше потпишано во Дејтон – изјави Додик Срни запрашан за коментар за вчерашниот разговор меѓу Вучиќ и Ердоган за ситуацијата во БиХ, пренесува Српскаинфо.

Александар Вучиќ и Реџеп Таип Ердоган
Александар Вучиќ и Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/TURKISH PRESIDENT PRESS OFFICE

Додик истакна дека дијалогот е единственото решение за надминување на сите проблеми во БиХ.

Тој потсети дека минатата година на средбата со Ердоган во Сараево посочил дека ситуацијата во БиХ може да се реши со посредство на турскиот претседател Ердоган, српскиот претседател Вучиќ и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

– Мислам дека тие би можеле да придонесат за дијалог меѓу политичките претставници на трите конститутивни народи во БиХ и разрешување на актуелната ситуација. Нечие друго мешање во настаните во БиХ нема да донесе ништо добро. Судбината на БиХ е во дијалогот на домашните политичари во соѕвездието Ердоган, Вучиќ и Милановиќ – рече Додик.

Средба на Додик и Ердоган во 2019-та година/ Фото EPA-EFE/FEHIM DEMIR

ФОТО+ВИДЕО | Вучиќ се сретна со Ердоган во Анкара

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ракометарите го „избраа“ потешкиот пат

Следно

Почина легендата на „Вог“, Андре Леон Тали

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian