Во Албанија 2832 новозаразени за 24 часа, најмногу од почетокот на пандемијата

1 min read

Во Албанија во последното деноноќие ковид-19 е потврден кај 2832 лица, што е највисока бројка на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.

– Од направените 8746 тестови вирусот е потврден каја 33 отсто од тестираните. Исто така во списокот на закрепнати се внесени 1732 а починале шест лица, на возраст од 59 до 90 години, информираше министерството за здравство.

Моментно активни на болеста се 22 022 од кои болнички се третираат 130 пациенти при што 14 се во многу тешка состојба.

Претходно министерката за здравство огерта Манастирлиу ијави дека најголем број од новозаразените месецов се со Омикрон и го повтори апелот за што поитна имунизација.

Од 9 март 2020 година кога беа регистрирани првите два случаи, татко и син кои се вратија од кус престој во Италија, во Албанија според официјалната статистика, позитивни биле 236 486 од тестираните 1 589 635, оздравени се 211 187 а починале 3277.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Абрамович за 130 милиони евра купува тројца играчи на Барса!?

Следно

Прстот е вперен: Поранешната сопруга на Џони Деп му го растури бракот на Џејсон Момоа?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian