ВИДЕО: Несторовски и Удинезе елиминирани од Лацио во италијанскиот Куп

1 min read

Денеска во осминафиналето од Купот на Италија составот на Лацио во продолженијата успеа со 1:0 да го совлада Удинезе за пласман во следната фаза.

Мируваа мрежите на двете страни во регуларните 90 минути, а единствениот погодок се случи во 106 минута.

Стрелец на голот беше Имобиле после асистенцијата на Каталди за радост на римските „небесно-сини“.

Три минути подоцна за составот од Удине настапи и македонскиот напаѓач Илија Несторовски како замена за Пусето.

За пласман во полуфиналето играчите предводени од тренерот Маурицио Сари ќе играат против Милан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски: Петков е нестандарден политичар, не употребува реторика од поранешни времиња

Следно

Погрешно дијагностицирана, уште не може да стане од кревет: Порно актерката Џена Џејмисон нема Гилен-Бар синдром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian