Денеска како подготовка за вториот дел од сезоната водечкиот во Првата македонска лига, Шкупи во пријателски натпревар загуби со 4:1 од Лех Познањ.
Полјаците водеа после првото полувреме со головите на Квеквескири во 34. и Милиќ во 38 минута.
Мархвински ја зголеми предноста во 54 минута, а во 69 минута клубот од Чаир го постигна единствениот погодок преку Радески.
Конечниот епилог на натпреварот го постигна Чекала во 75 минута од мечот во Анталија.
Тренерот Гоце Седлоски започна со овие стартни 11: Илјази, Чешмеџиев, Рватубјаје, Брдаровски, Шеји, Сенгхор, Менсах, Инасио, Хамиди, Трапановски, Адетунџи.