ВИДЕО | Готвиме со Маја: Предлог оброци за цела недела

6 mins read

Сите вработени домаќинки секојдневно се соочуваат со предизвикот што да зготват за неделата што доаѓа, како да имаат целосен оброк за кратко време и како паметно да ги испланираат деновите.

Затоа Маја денес ви нуди предлог за брзи оброци за цела недела што можете да ги зготвите во еден ден а потоа да им додадете разни вкусни состојки и да имате брз и топол оброк.

Гледајте „Готвиме со Маја„ и уверете се дека готвењето може да биде задоволство и уживање.

 

Предлог оброци за цела недела

 

Пилешко пакетче

– 1 пилешки стек
– Подравка Сенф
– Сол
– Бибер
– Маслиново масло

Пилешка салата

– 1 варено јајце
– 4-5 шери домати
– 1 чинија марула салата
– 1 младо кромитче
– 1 лажица Подравка пченка
– Сол
– Бибер

Сос
– 1 лажица Подравка сенф
– 1 лажица мед
– 3 лажици маслиново масло
– 1 лажица балсамико

Готвиме со Маја
Фото: Промо

Мисиркино пакетче

– 1 кутија мисиркини медаљони
– Сок од лимон
– Шафран
– Допир куркума
– Допир сушен лук
– 2 парчиња леб
– Половина авокадо
– 3-4 листови испржена сланина
– 1 лажица путер
– 1/2 моцарела
– Сол
– Бибер
– Малку сок од лимон

Пилешко пакетче

– 1 пилешки стек
– 1 лажица павлака
– 50 г рендан пармезан
– Вегета Маестро лук
– ½ чаша варен ориз
– 1 лажица путер
– 1 лажица Вегета Натур
– Сок од 1/2 лимон
– 1 домат
– 1/4 сецкан кромид

Готвиме со Маја
Фото: Промо

Свинско пакетче

– 1 свинска шницла
– 150 мл лажици пасата
– 1 лажичка Вегета Класик
– 2 лажици маслиново масло
– 1/2 лажичка сув босилек
– 1/2 лажичка сув лук
– Сол
– Бибер
– 1 чаша варени макарони
– 3-4 лажици маслиново масло
– 5-6 црни маслинки
– 50 гр рендан пармезан

Свинско пакетче

– 1 свинска шницла
– 4-5 печурки
– 4-5 лажици слатка павлака
– 1 лажичка Вегета Класик
– Сол
– Бибер

Салата

– 1 домат
– 1/2 краставица
– 1/2 црвен кромид
– 2-3 маслинки
– 100 г фета сирење
– Сол
– Бибер
– Маслиново
– Оригано

Готвиме со Маја
Фото: Промо

Подготовка на месото:

  • Сите парчиња месо ставете ги во ќеси за печење.
  • Во една ќеса ставете пилешки стек, засечете ги на површината и премачкајте го со сенф, посолете, ставете масло и убаво соединете
  • Во втората ќеса ставете го вториот пилешки стек, посолете и премачкајте со павлака, масло, ставете рендан пармезан, затворете го и убаво измешајте.
  • Во третата ќеса ставете мисиркини медаљони, посипете со растопен путер и посолете. Додадете сок од лимон, затворете и убаво измешајте ги состојките
  • Во четвртата ќеса ставете една свинска шницла, ставете маслиново масло, зачинете со Вегета Натур. Додадете сецкани свежи печурки и сос од Вегета и павлака. Затворете ја ќесата и измешајте ги состојките.
  • Во петта ќеса ставете го другото парче свинско месо зачинете со Вегета и ставете пасата. Затворете ја ќесата и измешајте ги состојките.
  • Сите ќеси со месо ставете ги во плех и печете ги заедно во загреана рерна на 200 степени, околу 45 минути
  • Вака приготвеното месо можете да го оставите во фрижидер и да ги подготвувате оброците во текот на целата недела

Пилешко со сенф

  • Во сад ставете ја марула исечена на лентички, младо кромитче на крупно, шери домати на половина, пченка, пилешкото на парчиња, варено јајце, бибер и сол
  • Во тегличка ставете 4-5 лажици маслиново, мед, сенф, балсамико, бибер, измешајте го убаво и прелијте ја салатата

Пилешко со павлака и пармезан

  • Во тава растопете путер и пропржете кромид а потоа додадете и сварен ориз, додадете пармезан и зачинете
  • Во сад ставете го оризот како подлога, потоа ставете го доматот исечен на крупно, пилешкото исечете го на парчиња и додадете го на оризот, ставете павлака и зачинете со сол и маслиново

Сендвич со мисиркино

  • Две резанки црн леб премачкајте со путер, врз едното ставете парчиња моцарела, листови испржена сланина и зачинете со сув лук, шафран, куркума
  • Вака приготвениот леб ставете го во микробранова една минута на највисока температура
  • Потоа ставете одозгора мисиркино месо и авокадо попрскано со сок од лимон и посолете
  • Поклопете го со другото парче леб за да направите сендвич и исечете го на половина

Свинско со печурки

  • Претходно печеното свинско месо ставете го во сува тава заедно со сосот од месото и загрејте го малку
  • Направете класична салата од крупно сечкан зеленчук, додадете маслинки, фета сирење и зачинете со маслиново, сол и суво оригано

Свинско во пасата

  • Сварете макарони или друга паста по желба
  • Ставете ги во тава и додадете го месото исечено на парчиња
  • Зачинете со маслиново масло, сол, Вегета Класик, босилек, сув лук, бибер, додадете црни маслинки без коска и на крајот додадете рендан пармезан

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Словенија ситуацијата се влошува, воведени се нови правила за карантин

Следно

ИСТРАЖУВАЊЕ СТАРО 28 ГОДИНИ: Храна која го продолжува животот и го намалува ризикот од најтешките болести

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian