ВИДЕО | Експлозија на гас и пожар во Њујорк, едно лице загина

1 min read

Најмалку едно лице загина, а деветмина се повредени во експлозија на гас која предизвика пожар и делумно уривање на станбена зграда во квартот Бронкс во Њујорк, соопштија американските медиуми.

 

Полицискиот оддел на градот Њујорк соопшти дека жртвата е 77-годишна жена, а две други жени, на возраст од 68 и 82 години, се во стабилна состојба. Меѓу повредените се и пет полицајци кои претрпеле вдишување чад и биле пренесени во болница.

На видеата коишто беа објавени се гледа како се дига пламен и црн чад, а полицијата ги предупреди луѓето да се оддалечат од местото на несреќата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Погрешно дијагностицирана, уште не може да стане од кревет: Порно актерката Џена Џејмисон нема Гилен-Бар синдром

Следно

Спасов: Бугарија може мирно да спие, сега има гаранција дека нема да ја нападнеме

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian