Спасов: Бугарија може мирно да спие, сега има гаранција дека нема да ја нападнеме

1 min read

Денес со нота до ОН ги информиравме дека името Северна Македонија се однесува само на Република Северна Македонија. Со тоа ја смиривме Бугарија која е членка на НАТО и на ЕУ и пет пати поголема од Северна Македонија дека со нашето име не имплицираме територијални претензии кон соседната држава, напиша вечерва на Фејсбук проф. Ѓорѓи Спасов.

„Ова е голем успех на бугарската дипломатија која со оваа гаранција од нашата земја ги отстрани сите сомневања дека еден ден ќе ја нападнеме и ќе ја освоиме цела Северна Македонија на Балканот. Важно е повеќе да не стравуваат од нашите територијални претензии. Сила сме ние на Балканот и затоа сите треба да се заштитат со гаранции дека нема да се шириме, да напаѓаме и да освојуваме туѓи територии. Затоа од денес Бугарите треба мирно да спијат. Решија еден многу голем проблем. А ние останавме без шанса да ги развиваме нашите освојувачки стратегии“, со иронија вели Спасов во објавата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Експлозија на гас и пожар во Њујорк, едно лице загина

Следно

Хумор и чудна магија – Даниел Редклиф ќе го глуми „„Weird-Al“ Yankovic“ во нов биографски филм

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian