Скандал во Словенија: Наместо со Фајзер пациентите вакцинирани со физиолошки раствор

2 mins read

Во еден здравствен дом во Словенија е направена ненамерна грешка при вакцинацијата против Ковид 19, кога некои лица наместо вакцината Фајзер за која аплицирале, добиле само физиолошки раствор.

Грешката се случила во петокот во здравствениот дом во градот Шенџур, каде од 126 лица кои дошле на вакцинација, 36 лица добиле физиолошки раствор, кој инаку мора да се измеша со вакцината Фајзер.

Веднаш по „инцидентот“, здравствениот персонал во домот забележал дека настанала забуна и се извиниле за ненамерната грешка, која луѓето ја прифатиле со разбирање, па биле вакцинирани со вистинските дози од вакцината во следните два дена, пренесува Хина. .

За се бил информиран Националниот институт за јавно здравје, а директорот на здравствениот дом за Словенечко радио изјавил дека ненамерната грешка најверојатно е поради преоптовареност на персоналот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Работнички со пресврт до победа во контролниот меч со Македонија ЃП

Следно

ФОТО | Новина во триото „Фанк Шуи“: Доаѓа женска енергија!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian